НЕДЕЛА НА РОДОВА ЕДНАКВОСТ

НЕДЕЛА НА РОДОВА ЕДНАКВОСТ

Националната федерација Спорт за сите под покровителство на Агенцијата за млади и спорт, во периодот од 10.06.- 16.06.2024 година организираат спортско-рекреативни активности под слоганот „Недела на Родова еднаквост“.

Физичкото образование и спортот се исклучително важни за развојот на сите луѓе. Покрај физичките вештини и спортските способности што младите ги развиваат со занимавањето со спорт, друга важна придобивка е и развојот на социјалните вештини. Преку спортот и физичките активности, младите учат и развиваат вештини и лични особини како: тимска работа, самодоверба, самоувереност, почит, солидарност, емпатија итн.

Спортот и физичката активност, меѓу другото, позитивно влијаат врз менталното здравје, ги зголемуваат самоувереноста и самодовербата, овозможуваат начини за справување со стресот и анксиозноста, помагаат да се развие чувство на независност и слично. Развојот на здрав однос кон телото и развојот на физички силно и здраво тело се клучни елементи во растот и  развојот на децата и младите. UN Women (2021)

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top