НЕДЕЛА НА РОДОВА ЕДНАКВОСТ
Физичкото образование и спортот се исклучително важни за развојот на сите луѓе. Покрај физичките вештини и спортските способности што младите ги развиваат со занимавањето со спорт, друга важна придобивка е и развојот на социјалните вештини. Преку спортот и физичките активности, младите учат и развиваат вештини и лични особини како: тимска работа, самодоверба, самоувереност, почит, солидарност, …