Активности
Активности на Федерацијата
Физичката активност е клучна за водење здрав живот и одржување на психо-физичкото здравје на индивидуите. Чувствувајќи одговорност за подобрување на оваа состојба во државата, Федерацијата организира и спроведува активности насочени кон промоција на спортот и активниот начин на живот:
- Едукативни активности
- Спорт и рекреација во образованието
- Рекреативни активности во природа (Зголемување на учеството на граѓаните низ понуда на разни спортско-рекреативни и друштвено – забавни активности во дополнување на секојдневието)
- Поддршка на државата и институциите
- Поддршка на клубови и здруженија
- Еднакви можности за сите
- Меѓународна соработка
Програмски цели и задачи за реализација на Федерацијата
- Основна цел е вклучување во спортско – рекреативните активности на сите граѓани без оглед на пол, возраст, економска, социјална состојба, религиска припадност, физички способности
- Зголемување на бројот на клубовите кои ќе бидат под капата на Федерацијата
- Ширење на мрежата и делување на Федерацијата на целата територија на Република Македонија, преку клубовите и општинските сојузи
- Влијание врз локалните самоуправи за финансиско стимулирање и подобрување на работата на клубовите и општинските сојузи
- Соработка со националните спортски федерации од различни спортови
- Зголемување на учеството на граѓаните во различни спортско-рекреативни и друштвено – забавни активности
- Намалување на социјалните, економските разлики, како и поголема меѓу културна интеракција преку вклучување во различни спортски активности
- Посебена практична и теоретска едукација врз загрозената категорија на граѓани: деца, адолесценти, лица подложени на постојан стрес, лица од третиот период, лица кои боледуваат од хронични незаразни болести (хипертензија, прекумерна телесна тежина, дијабетес мелитас, остеопороза и т.н.) во однос на важноста на физичката активност
- Едукација, организација и вклучување на лицата со различен степен на инвалидитет во спортско-рекреативните активности
- Едукација и организација на лицата со интелектуална попреченост во развојот во различни форми на активности
- Организација и спроведување на активности за одбележување на различни меѓународни денови предложени од ООН (Ден на здравјето, борба против пушењето и т.н.)
- Организација и спроведување на активностите во природа (излети, тури)
- Организација на кампови за деца во лентниот и зимскиот период
- Организација на активности вон наставата
- Организација и спроведување на масовни спортски активности
- Организација на традиционални народни игри
- Организација на работнички спортски-игри
- Организација на меѓународни кампови
- Поврзување и зачленување во меѓународните асоцијации од полето Спорт за сите (TAFISA, CESS, ISCA и т.н.)
- Соработка со сродните Федерации од полето на спортот
- Учество на конгреси, симпозиуми и други активности од областа на Спортот за сите (Sport for all)
- Организација на семинари, конференции од областа на Спортот за сите
- Соработка со Факултетот за физичка култура
- Реализација на проекти
- Обезбедување стабилна финансиска подршка (буџетски средства, спонзорства, донации и т.н.)
Опис на активностите на Федерацијата
- Основна цел е вклучување во спортско – рекреативните активности на сите граѓани без оглед на пол, возраст, економска, социјална состојба, религиска припадност, физички способности на рекреативно ниво.
- Подготовка на календар и пропозиции за масовни спортски активности
- Организација на вончасовните активности и натпревари од рекреативен карактер за деца од школска и предшколска возраст
- Организација на традиционални народни игри (натпревари меѓу клубови, општини, фирми)
- Организација на работнички спортски-игри (фирми, фабрики).
- Едукација, организација и вклучување во различни натпревари на лицата со различен степен на физички инвалидитет во спортско-рекреативните активности
- Едукација и организација на лицата со интелектуална попреченост во различни натпревари во развојот во различни форми на активности
- Организација на рекреативни натпревари во природа (анимации, ориентации и т.н.)