Национална федерација „Спорт за сите“ е федерација која дејствува на територија на Македонија со покровителство и поддршка од Агенцијата за млади и спорт. Федерацијата е создадена со примарна цел подигнување на свеста за потребата од физичка активност на индивидуите во државата и директно вклучување на граѓаните во спортско-рекреативните активности без оглед на пол, возраст, социјална состојба, религиозна или етничка припадност
Нашата цел е да дадеме важен придонес кон создавање на општество и средина во која секој поединец ќе биде свесен за важноста од водење здрав и активен начин на живот, средина која нуди можности и правилен пат за создавање и развој на млади и талентирани спортисти, како и еколошка свесност, изразена грижа за животната средина и редовен престој во природа.